Веќе подолго време се шпекулира за постоењето на деветта планета во Сончевиот систем, т.н. Планета Х или Нибиру. Според општото верување, таа планета има неправилна орбита околу сонцето и циклично се јавува во близина на Земјата по извесен временски период. Така, веќе се определува и точно време кога Нибиру би дошла во близина на нашата планета, доволно близу за да предизвика сериозни, па дури и апокалиптични последици. Имено, некои сметаат дека тоа ќе се случи по 277 дни.
Доколку се приближи до Земјата, таа би можела да предизвика поместување на земјината оска за 25,3 степени и животот на луѓето кои ќе ја преживеат оваа промена би се изменил од корен. Возможно е да се сменат половите и како резултат на топењето на поларниот лед, нивото на океаните да се зголеми за 60 метри. Покрај тоа, би се пробудиле и сите вулкани. Целата Земја ќе биде облевана од цунами и катастрофални земјотерси.
Сепак, повеќето научници сметаат дека Нибиру не постои и дека сето тоа е научна фантастика.