Џексон Расикот од Алберта, Канада решил на разгласот во супермаркетот Walmart, каде што работи, да даде отказ на искрен и драматичен начин.

17-годишното момче „им собра“ сѐ што имаше да им каже на шефовите и менаџерите, а доби и поддршка од купувачите кои во тој момент биле во маркетот.

Момчето кое работело во маркетот година дена, откако се пожалило од лошите шефови и менаџери, кои не се донесуваат соодветно со вработените им порачал на менаџментот, работното место и Валмарт да се „е*ат“.

„Внимание до сите купувачи, соработници и менаџери, би сакал да ви кажам на сите вас денес дека никој не треба да работи тука, никогаш. Нашите менаџери ќе даваат ветувања и никогаш нема да ги исполнат и не само што ќе ни проповедаат за тоа како тие се грижат за своите вработени, туку пред само еден месец помошникот менаџер на мојот шеф, Кора ме нарече губење на време и менаџментот не направи ништо во врска со тоа.“, вака го започнува својот говор Џексон.

Сподели на Facebook
пати видено