РАБОТИ! Во повеќе независни лаборатории се докажа дека „невозможната“ машина на која не ѝ е потребно гориво и која им пркоси на законите на физиката работи. Но, научниците сѐ уште не се сигурни зошто и како. Машината се нарекува Емдрајв (EmDrive) и би можела да пренесе астронаути на Марс за само десет седмици. Револуционерната машина создава пробив преку одбивање на микробранови во затворена комора, а енергијата ја добива од сонцето.
Иако научниците истакнуваа дека тоа е невозможен концепт бидејќи им противречи на сите познати закони на физиката, излезе дека е разумна опција за идно вселенско летало. Сега научниците изнашле теорија за тоа како таа воопшто работи. Во следните неколку месеци машината ќе биде тестирана и научниците се надеваат дека набргу ќе стане реалност.
Но, таа идеја не е нова. Концептот за првпат бил предложен пред шеснаесет години од страна на истражувачот Роџер Шојер. Од 2000 година, четири независни истражувачки локалитети, вклучувајќи и еден кој припаѓа на НАСА ја тестирале, и иако создава потисок, никој не успеал да објасни како. Емдрајв ја претвора електричната енергија во потисок бз потреба од ракетно гориво. Според физиката, оваа машина не би требало да работи бидејќи се чини дека го нарушува законот за зачувување на импулсот, според кој импулсот на даден систем е константа ако врз него не дејствуваат надворешни сили. Поради традиционалните ракети употребуваат гориво.
Но, д-р Мајк Меккалок од Плимутскиот универзитет цврсто верува дека можеби успеал да разбере на кој начин настанува невозможниот потисок, и неговото објаснување е засновано на новата теорија за инерцијата, која ја објаснува отпорноста на масивните објекти на промени во движењето и забрзувањето. Меккалок предлага инерцијата да се објасни со ефектот предвиден од Ајнштајновата теорија за релативитетот наречен „ефект Унру“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.