„Многу е невообичаено да видите заедно мечка и волк“, вели 56-годишниот фински фотограф Ласи Раутиаинен, кој ги снимил овие изненадувачки фотографии. Сивата волчица и кафеавиот мечок биле забележани како минуваат неколку часа заедно секоја ноќ во текот на десет дена, при што дури споделувале и храна.
„Никој не би знаел зошто и како тие станале пријатели“, вели Ласи. „Мислам дка можеби и двете животни биле сами кога биле млади и несигурни како да преживеат сами…Убаво е да се споделат ваквите ретки настани во дивината коишто никогаш не би очекувале да ги видите.“