Овие впечатливи гнезда ни покажуваат како птиците можат да се прилагодат на својата околина. Иако не сите птици се гнездат, сите тие бараат безбедно место за да ги снесат нивните јајца. До неодамна се веруваше дека правењето гнезда им е вродена вештина, но неодамнешни истражувања посочуваат кон тоа дека птиците можат да учат и да ги подобруваат овие вештини.
Куќичките за птици направени од човек постојат од многу одамна. Како што напредувале развојот на земјоделието и урбанизацијата и околината почнала да се обесшумува, бројот на дрвја и други видови на терен на кој птиците би можеле да си изградат природно живеалиште почнал да се намалува. Токму поради тоа, куќичките за птици е едно од можните решенија за овој проблем. А птиците можат да видат потенцијално живеалиште во сѐ и сешто, како што се гледа од овие примери.