Во авионот на компанијата Lion Air, кој требало да полета кон главниот град Џакарта, настанала паника, откако при качувањето, на прашањето на стјуардесата „Што има во торбата?“, еден патник-шегаџија одговорил со „Бомба.“ Другите патници го слушнале одговорот и почнале панично да скокаат од авионот. Екипажот никако не можел да ги смири испаничените луѓе.
Како резултат на невкусната шега, 11 луѓе завршија во болница. Авионот беше задржан неколку часа и детално претресен, а шегаџијата заврши во притвор со можност да добие 1 годишна казна затвор.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!