Дебела невеста која ја преполовила својата телесна тежина откако докторите ја предупредиле дека може да се случи никогаш да нема деца, открива дека избегнувањето на шеќерот и јадењето од помали чинии е тоа што ѝ помогнало да го промени својот живот. Кога 30-годишната Кејси Харли од Голд Кост, Британија, се омажила за нејзиниот 31-годишен сопруг Џош во 2010 година, таа тежела 147 килограми и носела бела венчаница со големина 26.

br01

„Знаев дека Џош ме сакаше таква каква што сум“, објаснува г-ѓа Харли, „но не се чувствував одлично на денот на свабата. Не се чувствував како принцеза. А сега луѓе ми велат дека изгледам како различна жена. Горда сум што го постигнав тоа, но посакувам воопшто да не бев таква каква што бев.“

Таа објаснува дека здравствени проблеми, вклучувајќи ја и хипоактивната тироидна жлезда и полицистичните јајници ѝ создавале големи маки да ја контролира својата тежина. Но, пресвртниот миг дошол кога го посетила нејзиниот доктор бидејќи две години се обидувала да забремени без успех.

„Отсекогаш сакав да станам мајка, откако паметам за себе“, вели Харли. „Навистина сакав да родам бебиња.“

br02

Сакајќи да го оствари својот сон, Харли, којашто е 167cm висока, започнала да ја преосмислува својата исхрана.

„Порано навистина правев некои лоши избори. Секој го прави тоа“, вели таа, признавајќи за нејзината слабост кон соковите и огромните порции на печен компир, шпагети болоњезе и други тестенини.

„Големината на порциите не беше баш најдобра. Јас сакам луѓето да бидат сити и среќни. Имам италијанско потекло и тоа можеби има некаква врска со тоа“, раскажува Харли.

br03

Откако се омажила, г-н и г-ѓа Харли се преселиле од Тувумба во Голд Кост каде што таа се сосредоточила на слабеењето.

„Почнав да одам во теретана и се гледав со мојот матичен доктор, со диететичар, а исто така имав и личен тренер кои ми помагаа да се едуцирам“, споделува Харли. „Мојот тренер ми кажа: Погледни ги состојките на храната која ја земаш. Ако има зборови кои завршуваат на `-оза` во првите четири состојки, не купувај.“

br04

Тоа значело Харли да намали со употребата на глукоза, сахароза и фруктоза со цел да го намали внесувањето на шеќер во својот организам. Тоа, во комбинација со три до четири пати тренинг ѝ помогнало за една година да ослабне 31 килограми. И тогаш ја донела големата одлука, да се подложи и на хируршка интервенција.

„Сѐ одеше добро, но ја сакав потребната телесна тежина за да можам да родам. Во 2011 година сѐ уште го имавме тој сон и не сакавме да ни избега. Не беше одлука преку ноќ. За тоа размислував долго време и навистина истражував. Џош и јас надолго и нашироко разговаравме за тоа.“

Операцијата носела свои ризици, но Харли која тогаш имала 26 години вели дека била возбудена и со нетрпение ја очекувала процедурата.

„Сѐ што можев да мислам беше – ова ќе ми помогне да имам деца. Ова ќе ме доведе поблиску до мојот сон“, вели таа.

br05

Неколку недели по процедурата, таа се држела до течна храна, за потоа од пасирана полека да дојде до цврста храна. Дури по шест месеци можела повторно да се врати на нормалното вежбање. 20 месеци подоцна, за роденденот на нејзиниот сопруг, Харли успеала да ослабне 65 килограми и тогаш ја дознала и неверојатно среќната вест – останала бремена.

„Му кажав на Џош – Среќен роденден, ќе бидеш татко!“ Беше екстатично и шокантно. Толку долго се обидувавме.

br06

За време на бременоста Харли ја зголемила телесната тежина за 12 килограми и потоа го родила својот син Купа. Четири месеци подоцна дознала дека пак е бремена, и следната година во март се родила нејзината ќерка Кена. Но, не дозволила бременоста пак да ја вовлече во маѓепсаниот круг на дебелеење. Во ноември, тежејќи 106 килограми, повторно се вратила на вежбањето и секој ден пешачела шест километри до градинката на нејзините деца. Исто така редовно трча, не пие чај, кафе или алкохол и постојано јаде од али чинии.

br10

За девет месеци ослабела дополнителни 36 килограми, постигнувајќи ја нејзината цел – 70 килограми.

„Горда сум што го постигнав ова. Возбудена сум да имам семејство и што сум поздраава. Во еден период луѓето ми велеа дека нема да успеам да дојдам до 70 килограми и почнав да верувам дека нема да успеам.

Најдете мотивација – најдете го она што ви е потребно за да бидете одлучни и борете се – едноставно продолжете да се борите. Не дозволувајте луѓето да ве обесхрабруваат. Имаше подеми и падови, но тоа беше една од најдобрите одлуки кои сум ги донела.“

bt09

Сподели на Facebook
пати видено