САД постхумно ќе доделат медал на честа на војник кој загинал во акција во Авганистан – но веста шири контроверзи. Наредникот Џон Чепмен, авијациски техничар кој служел како радист за елитната единица Фоки, на 4 март 2002 загинал во жестока битка за време на мисија во Авганистан. Американците предводеа колација народи во воен обид да се уништат Ал Каеда и Талибанците по терористичкиот напад на 11 септември 2001.

vj01

На почетокот се верувало дека Чепмен загинал во престрелка со милитантите, откако Фоките кои надвладеани и помалубројни од исламистите биле присилени да се повлечат пред нејпријателскиот оган. Сега, според Њујорк Тајмс, софистицирана анализа на снимката од дрон за време на судбоносните мигови сугерира дека Чепмен околу еден час храбро се борел против стрелците на Ал Каеда, сосема сам, па дури успеал и да убие двајца од нив, еден во борба гради в гради – само неколку мига пред да биде застрелан и убиен.

vj02

Инцидентот се случил на Такур Гар, планински врв во источен Авганистан, во пограничниот регион со Пакистан.

vj04

vj03

Сподели на Facebook
пати видено