Две двојки коишто живат врата до врата сега можат да се дружат и секоја ноќ, откако изградиле паб помеѓу нивните домови. Четириесет и шестгодишниот Келвин и четириесет и седумгодишната Саманта Мејз и нивните соседи, педесет и тригодишниот Роб и четириесет и седумгодишната Хелен Шелдон го конструирале овој паб-колиба за само 80 фунти, користејќи главно рециклирани материјали.
Пабот, со дименции 4.5 х 1.8 метрие сместен во тесниот простор помеѓу нивните полуспоени куќи во Виленхол, Вест Мидлендс
Потрошиле четириесет фунти за лимениот покрив, додека барот е изработен од поранешна работна маса, а столиците ги набавиле од стар автобус. Потоа го наполниле нивниот мини-бар со нивни сопствени домашни пива, вина и ракии и го украсиле со предмети најдени на eBay и во отпад. Пабот, за чијашто изградба биле потребни само тримесеци, е наречен „The Outback Inn“ (Пустински Ан), а како дел од декорот се употребени украси во вид на кенгури и бумеранзи.
Идејата ја добил Кевин, кога видел расфрлани дрвени кутии наоколу, а со оглед на тоа што почнале да прават домашен алкохол, решиле да си направат и свој паб. Сега имаат совршено место за дружење со своите соседи и пријатели.