На неверојатна снимка со дрон е фатен мигот кога рибино јато бркано од фока се групирало во облик на грабливецот кој ги гонел. Повеќемина сурфери биле почестени со зашеметувачката глетка додека фоката се обидувала да си обезбеди ручек на иконската плажа Бонди во Сиднеј, Австралија.
Се чинело како морскиот цицач да плива низ подводно торнадо додека илјадници риби формирале неверојатни облици под површината на водата. Сето ова било спектакуларно шоу за сурферите и пливачите, при што некои од нив исто така се нашле среде спектаклот. Бруно Бартас, човекот кој го снимил сето тоа, вели дека никогаш досега не видел толку големо јато риби.