Хитот си е хит и кога го слушате ретко го споредувате со друга песна, но вака подредени, ќе видите дека сиве овие големи хитови имаат нешто заедничко – сосема иста хармонска основа.

Формулата е I-V-VI-IV. Ако ја научите оваа формула (на пример во C dur, таа е C, G, Am, F), сѐ што треба е да научите да ја транспонирате и во други тоналитети (иако и тоа не е задолжително), веќе сте научиле да свирите некои од најголемите хитови, а можете и да создадете еден ;).

Сподели на Facebook
пати видено