Овие неверојатни слики прикажуваат едно младо момче од Палестина, наречено „Спајдермен“, кое ја покажува својата чудна способност да го извртува своето тело во најневеројатните положби кои може да си ги замисли човек. 12-годишниот Мухамед ал-Шеик вели дека сонува да влезе во Гинисовата книга на рекордите поради тоа. Висок 1,4 метри и тежок само 30 килограми,тој може да го витка своето тело на неверојатни начини, префрлувајќи ги нозете преку неговите раменици, или пак скокајќи во поза налик на пајак.
Со своите подвизи си заслужил слава во појасот Газа, како и прекарот „Спајдермен“, на што е особено горд. И покрај поразителните услови во Палестина, Мухамед тренирал за настапот на „Арапите имаат талент“ во Либан. Тренингот му бил прекинат со 50-дневниот крвав конфликт во 2014 година, но тој сепак настапил, каде освоил 14 милиони гласови. Иако не победил на шоуто, се надева дека својата заслужена слава ќе ја добие кога ќе влезе во Гинисовата книга на рекордите. Погледнете за што сѐ е способно ова момче.