Џени Ханинен, по потекло од Финска, јавала коњи заедно со нејзините пријатели на Сипоинт плажата во Термонфекин, Ирска, кога забележала животно во неволја. Џени, која работи како сметководителка, без размислување го земала малиот делфин во рацете и го однела во доволно длабоко за да го ослободи.
Дарен Канел го снимил видеото од „спасувачката акција“. Џени изјавила: „Кога бев помлада можеби спасив неколку птици, но никогаш нешто вакво. Го видов малиот делфин на почетокот на плажата, не знаев кому да се јавам, дали на крајбрежната стража или некој друг. Отидов да му помогнам и кога се враќав назад забележав дека уште еден залутал кон плажата.“