45-годишната Гета од Индија била предупредена од страна на поштарот дека слушнал плач на бебе. Гета сфатила дека плачот доаѓа од системот за атмосферска канализација. Жената веднаш реагирала за да го извади бебето.

Папочната врвца била замотана околу вратот на новороденото момче, најверојатно со цел да се задуши. Бебето веднаш било однесено до најблиската болница каде што лекарите заклучиле дека има проблеми со дишењето. Моментално бебето е во добра здравствена состојба и по закрепнувањето ќе биде однесено во сиропиталиште.

Гета, која живее заедно со нејзината ќерка сака на момчето да му го даде името Сутхантирам, што значи „слобода“, затоа што кога го пронашла бил Денот на независноста на Индија.

Таа раскажала за локалните медиуми: „Реагирав веднаш, беше спонтано. Ми беше тешко кога видов дека некој оставил така бебе. Изгледа личноста која го оставила бебето намерно го турнала на крајот од цевката за да не го види некој. Не верувам дека некој имал родителски чувства за оваа бебе бидејќи папочната врвца му беше врзана околу вратот за да го убие полека.“

Болницата добила повеќе барања за посвојување на момчето откако видеото од спасувањето се појавило во јавност.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено