Овој бизон покажува колку може да биде моќна мајчинската љубов. Женката без колебање ги брка 14-те лавови кои го јаделе нејзиното младенче. Лавовите го фатиле младенчето, но наместо неговата мајка да продолжи да бега со стадото, таа се вратила за да ги избрка. Ова се случило во националниот парк Кругер, Јужна Африка.
Додека гладните предатори постојано се обидуваат „да си го довршат оброкот“ упорната мајка постојано ги брка. Пота ѝ се придружиле четири членови од стадото и почнале да го „оплакуваат“ животното. Скоро еден час по оплакувањето бизоните се збогувале со младенчето, а лавовите повторно се доближиле.
Трогателната глетка била снимена од Пол Чарнли. Тој вели: „Бев со мојот добар пријател, Дерик Роб и ние гледавме дека ова трае 45 минути. Лавовите го фатија бебето, но мајката одби да се откаже од своето бебе. Го бркаше лавовите повеќе пати, а потоа ѝ се придружија уште четворица, за да се збогуваат со нејзиното теле, додека лавовите кружеа. На крајот мајката се откажа, а 14-те лавови ја добија својата гозба.