Куче по име Папи ѝ правело друштво на неговата сопственичка, Карен Џејмс, додека таа јавала коњ, во близина на Меклери, Вашингтон, пред два дена. Во еден момент Папи го снемало и Карен бидејќи не можела да го најде повикала специјална служба.

Тино е куче трагач и куче за спасување кое по 16 месеци тренинг било повикано за прв пат да ја извриши својата должност. Тој бил испратен во густото шумско подрачје да го побара Папи. За среќа Тино успеал да го пронајде изгубеното куче, кое било заглавено во јама со кал, подолго време.

Луѓето од службата велат дека Папи залутал далеку од главниот пат и дека без помошта на Тино би било невозможно да го најдат. Во извлекувањето на Папи учествувале тројца луѓе бидејќи нозете на кучето не му функционирале на почетокот, најверојатно затоа што долко време било заглавено во калта.

Папи бил предаден на неговото семејство и сега се опоравува од неговата опасна „авантура“ во шумата.

Сподели на Facebook
пати видено