Ова е неверојатниот момент кога морнари биле сведоци на раѓањето на еден остров, кога подводната вулканска ерупција создала пустина среде океанот веднаш пред нивните очи. Екипажот на јахтата Маикен пловеле преку Тихиот Океан во близина на островите Вавау во Тонга, кога забележале дека водата во далечината има лудна боја. Тогаш, како што приоѓале, водата мистериозно се претворила во карпа. За кратко време, копнената маса се кренала од океанот, како некоја Сахара со ридишта песок додека може окото да види, како што опишал еден од морнарите. Ова го документирале со серија впечатливи фотографии. Не наишле на брег, туку се нашле опкружени со пловечка вулканска карпа. „Погледнавме и пред нас повеќе немаше море.“, раскажува Швеѓанецот Фредрик Френсон. „Тогаш видовме столб од црн чад и сфативме дека тоа мора да е вулкан.“ Потоа можеле да видат како пред нивните очи се создава нов остров. Се смета дека подводните ерупции се случуваат еднаш годишно, при што вообичаено тоа се случува во области оддалечени од луѓето. Научниците немале време да го проучат бидејќи набргу бил разбиен и разнесен од морските води.