3-годишниот Џејмс Скилен се водел како исчезнат 18 часа откако го снемало од камп во близина на регионот за ловење во Нов Јужен Велс. Сите почнале да се плашат од најлошото, но за среќа малиот Џејмс бил пронајден во грмушка по интензивната 18-часовна потрага.
На видеото е прикажано како Џејмс, кој полицијата го однела со хеликоптер до неговите родители, повторно се сретнува со нив.
Таткото на момчето, Питер Скилен, вели дека нивниот син се обидел да се врати во кампот така што сакал да скокне во торба на кенгур. „Тој вели дека се обидел да се качи на кенгур затоа што мислел дека тој ќе го однесе дома. Ова е велигденско чудо и не можеме доволно да им се заблагодариме на службите за сѐ што сторија. тој беше многу среќен што се возел во хеликоптер.“, вели таткото на Џејмс.
Момчето било пронајдено на 5 километри од местото каде што се наоѓал кампот на неговите родители. Потрагата по момчето ги вклучувала полицијата, медицинските служби, пожарникарите и доброволна организација за спасување. Исто така наредниот ден се приклучил и хеликоптер и кучиња трагачи.