Курт Хиелсшер бил Германски фотограф кој интензивно патувал низ Европа во 1910, 1920 и 1930та година и бил автор на неколку успешни книги исполенти со слики од пејсажи и архитектура од Италија, Шпанија и Германија. Благодарение на неговата успешна работа бил поканет во Белград од страна на владата на СХС. Во тоа време терминот Југославија не се користел и државата била позната под името Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Курт патувал низ кралството и направил книга со слики од пејсажите, луѓето и архитектурата, од кои голем дел се сликани во Македонија.
Во Белград тој добил преведувач, препорачани писма за полесно поминување низ териториите и избегнување на конфликти со локаните власти. Исто така на располагање му бил даден и автомобил. Зеис-Икон и Агфа фабриките му дале одлични фотоапарати и леќи.
Тој направил над 1200 слики, почнувајќи од Алпите во Словенија, па се до границата со Бугарија. Курт избрал 191 фотографија велејќи дека се обидел да ги прикаже атрактивните, но и различните видови на пејсажите, архитектурата, и начинот на живот во Југославија. Најважно му било сликите да не личат на разгледница.
Оваа неверојатна колекција е објавена во 1926 година во Берлин од страна на Верлаг Ернст Васмут.
Сплит- Хрватска
Замокот Оточец до реката Крка- Словенија
Травник- Босна
Ново Село – Македонија
Бардовци- Македонија
Минаре во Јајце- Босна
Црногорец свири на гусла
Македонски народни носии- Скопје
Крашња- Словенија
Дубровник и островот Локрум
Скопска Црна Гора – Македонија
Бусовача- Босна
Шибеник- Хрватска
Река Неретва- Босна
Хрватска
Бардовци- Скопје
Еврејски гробишта во Сараево
Мостар
Србија
Манастир во Косово
Сараево
Македонија
Охрид- Македонија
Херцег Нови- Црна Гора