Делата на Џон Холкрофт докажуваат дека „една слика вреди илјада зборови“.
Британскиот илустратор Џон Холкрофт уште од деветнаесетгодишна возраст создава сатирични илустрации кои ги посочуваат недостатоците на општеството. Неговиот ретро стил потсетува на рекламите од 50-те и 60-те. Омилените теми на Холкрофт се работата, технологијата и фактот дека трагањето по среќата е саботирано од себичноста, алчноста и мрзливоста.
„Ги илустрирам нештата кои ми се важни. А ете, се случува така што многу од тие нешта се поврзани со политиката“, вели тој.
Холкрофт има потпишано договор со публикации како Гвардијан, Економист и Фајненшел Тајмс.