Семјуел Џефи нашол фасцинација во нешто што може да се забележи во сечиј двор – влакнестите, флуоресцентни, тромави мали суштества кои често ги забележуваме како ползат по дрвјата и тротоарите. Џефи е воодушевен од локалната природна околина, и се стреми кон тоа да ги сподели податоците кои ги собрал за локалните екосистеми, па така подобро да се запознаеме со тоа што се крие во тревите и дрвјата.
Тој каталогизирал повеќе гасеници во различни ситуации, секоја со затемнета позадина за да се истакне нивната уникатна текстура и боја. Гасеници кои висат од гранките, зграпчуваат лисја, па дури и си играат на лозниците.
Џефи израснал во источен Масачусетс, стопувајќи се со неговата околина, скитајќи низ езерцата и истражувајќи го дивиот свет околу него. Во текот на последните пет години тој почнал да одгледува и фотографира многу интересни гасеници. Во проектот вклучил изложби, гостувања во емисии, за на крајот во 2013 да го отпочне проектот „Лабораторија за гасеници“, со кој ја прикажува разновидноста на гасениците.