Алди Новел Адиланг работел како чувар на пловечката стапица за риби. Колибата на 19-годишното момче била прицврстена за морското дно со јаже, но силните ветришта го скинале јажето и Алди во рок од 7 дена залутал 2.698 километри северно од крајбрежјето на Северна Сулавеси, Индонезија.
По 49 дена на море тој успеал да испрати сигнал до танкер, од кој го виделе и го спасиле. Алди сега вели дека имало моменти кога мислел дека нема да преживее и утеха барал во Библијата.
Тој работел а наговта колиба на вода 3 години, а работната задача му била да ги чува ламбите кои првин треба да ги запали за да привлече риби.
Алди успеал да преживее со залихата на храна која била доволно само за една недела, но тој внимателно ја штедел. Кога снемал гас за подготвување на јадења, запалил дрвени предмети од платформата и така го готвел јадењето. Тинејџерот добивал вода од мокрите алишта кои ги оставал надвор кога паѓал дожд.
Кога танкерот од Јапонија го пронашол момчето веднаш било однесено во Јапонија за да му биде укажана лекарска помош, а потоа бил префрлен и во неговиот конзулат. Сега Алди повторно е обединет со неговите родители во Манадо.