Кога ќе го слушнете зборот пирамида, веројатно си помислувате на древните египетски пирамиди или на централноамериканските приамиди кои се извишуваат над крошните во џунглата. Но, во северен Судан има пирамиди стари околу 3000 години, и Алан Турџик од Нејшенел Џиографик е решен да ја покаже нивната убавина на целиот свет. Пирамидите и до ден денешен се еден вид мистерија. Има некои теории, но никој со сигурност не знае како биле изградени, кој ги изградил и зошто.

ks01

Мистеријата е уште поголема и поради математичката прецизност и астрономското значење на овие градби. Илјадниците години ерозија го зеле својот данок, но градбите сѐ уште стојат во забележително добра состојба. Нубиските пирамиди биле изградени од владетелите на древното кралство Куш. Овие пирамиди биле изградени околу 800 години по египетските пирамиди. Се смета дека биле изградени по примерот на египетските пирамиди, но во помал размер.

Областа во долината на реката Нил позната како Нубија, којашто се наоѓа во денешен Судан, била земја на три кралства Куш за време на антиката. Првото кралство било со главен град Керма (2600-1520 пр.н.е.), на второто престолнината се наоѓала во НАпата (1000-300г. пр.н.е.) а на последното Мерое (300 г.пр.н.е. – 300г.н.е.)

Керма била првата централизирана држава во Нубија, со свои автохтони форми на архитектура и погребни обичаи. Последните две кралства, Напата и Мерое биле силно повлијаени од Египет на културен, економски, политички и воен план. За сметка на тоа. кралствата Куш биле силни соперници на Египет и во 751 г.пр.н.е. кушитскиот крал Пианкхи ја симнал 24-тата египетска династија од престолот и ја обединил целата долина на Нил од устието до градот Напата под негова власт. Пианкхи и неговите потомци владееле како фараони од 25-тата династија. Напатската доминација врз египет завршила со асирското освојување на Египет во 656 г. пр.н.е.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено