Станува збор за 650 години стар даб во селото Вишиова во Полска, кој го добил името Јозеф по истоимениот сликар Јозеф Мехофер. Дрвото се наоѓало во дворот на семејството Микелскис, кои своевремено организирале средби на уметници и сликари под отворено небо. Сликарот Јозеф, бил нивен семеен пријател и често црпел инспирација од стариот и раскошен даб. Оттаму една од неговите слики се нашла на заглавјето на банкнота од 100 полски Злоти, кои се печателе во 1932 година од минатиот век.
Приказната за овој даб станала позната по една случка на еврејски бегалци во Втората Светска војна. Бегајќи од Нацистите, едно еврејско семејство стигнало до дворот од каде се гледале само пространи ливади и пасишта. Немале каде да одат понатаму, тие го здогледале дрвото и се скриле под неговата кошница. Родителите биле пронајдени и убиени, но во вдлабнатините на стеблото останале двете братчиња кои останале живи и се спасиле. По завршувањето на војната изгубени се трагите на овие двајца браќа.
Денес дрвото го посетуваат голем број фотографи и љубители на природата.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.