Ногата на велосипедистот беше смачкана и заробена под автобусот, но групата минувачи не планираше да го чека амбулантното возило и да го гледаат човекот како се мачи.
Болничар кој во моментот не беше на должност се најде прв на местото на настанот како стручно лице: „Кога пристигнав таму, пациентот веќе беше извлечен од под возилото и минувачи кажаа дека го извлекле така што го кренале автобусот на раце. Тоа за мене беше голема помош, бидејќи значеше дека веднаш можам да му дадам прва помош.“
Велосипедистот беше однесен во болница во Источен Лондон и се наоѓа во сериозна состојба.