Илјадници ирваси го започнале своето патување кон север од Канада, бидејќи започнува нивната годишна пролетна миграција. Повеќе од 3.200 диви ирваси, скандинавски ирваси и диви карибу почнаа да се оддалечуваат од Џими Езеро, во близина на Инувик, во Канада, до теренот во близина на Туктојактук, Канада, на околу 160 километри оддалеченост. Стадото е снимано како се движи, создавајќи „уникатен“ спектакл, додека животните поминуваат низ снежните и ледените пејзажи.
Џефри Реинауд повеќе од осум месеци се подготвувал за оваа „екскурзија“. Фотографот-аматер користел сноумобил. За да се долови импресивната големина на стадото бил користен дрон. Џефи, по потекло од Франција, кој поминал осум дена со стадото вели: „Јас ги сакам ирвасите, мојата љубов кон Арктикот и моето претходно искуство, ме натера да сакам да го опфатам ова. За време на оваа миграција која се случува во пролет, некои ирваси нема да успеат да преживеат, некои едноставно не сакаат да се движат со другите, а некои можат да бидат бремени, што го отежнува патувањето.“
„Видов една женка која се обидуваше да стане. Немаше толку енергија што не можеше ниту да копа во снегот за да најде малку трева. Ние копавме подалеку од неа за да не ја вознемириме и да и најдеме храна. Продолживме да ги следиме другите, а откако се вративме по осум часа да видиме како е, таа веќе беше мртва.“, додава Џефри.
Фотографот вели дека во текот на денот стадото јаде и се одмара, а кога ќе се стемни природно се собира и сите легнуваат да спијат, а наутро сите заедно го продолжуваат патот.
„Кога правите фотографии и се доближувате до стадото чувствувате многу емоционални фази – од стравот дека животните ќе почнат да се движат во вашата насока, до едноставно уживање од уникатната глетка. Тоа беше неверојатно. Знам дека ќе се вратам.“, вели Џефри.