Радаменес, мал ангелски црн мачор од Бидгошч, Полска, минал низ вистински пекол во животот, но затоа сега на им помага на други животни во ветеринарниот центар во кој и самиот бил згрижен. Откако ветеринарите успеале даго вратат од пред вратите на смртта, мачорот сега ја враќа услугата галејќи ги, масирајќи ги, а понекогаш и чистејќи ги другите животни кои закрепнуваат од нивните рани и оперативни зафати. Мачорот Радаменес се претворил во вистинска локална атракција и луѓето почнале да го посетуваат за среќа.
Радаменес, мачорот кој преживеал инфекција на дишните патишта, сега им помага на други животни во овој ветеринарен центар во Полска
Бил толку болен, што луѓето кои го донеле помислиле дека е подобро да го успијат
Но кога ветеринарите го слушнале како преде, решиле да го спасат
Кога по некое чудо успеал да закрепне, се изненадиле кога виделе како ги гушка и чисти другите животни
Особено е пријателски расположен кон животните кои минале низ тешки операции
Ветеринарите во центарот се шегуваат дека тој е негувател со полно работно време
Го нарекуваат нивна маскота
Изгледа дека мачките сепак не биле толку студени