Мажот решил да провери дали жената му е верна. Ѝ рекол дека оди на работа и се скрил под креветот. Неговата сопруга си го викнала љубовникот, си легнале во спалната соба, и таа му рекла:
– Стојан, сакам дете од тебе!
– Што ти е тебе? Не ми личиш на некоја што добро би се снашла во повивање и хранење мало дете…
Жената, за да му докаже дека ќе ја биде, го завиткала со чаршавот како мало бебе и отишла во кујната да донесе едно пиво, за да му покаже дека знае и да го нахрани.
Нејзиниот сопруг во тоа време излегол од под креветот, се наведнал над врзаниот љубовник у му рекол:
– Агугугу!
Потоа смирено отишол во кујната и и рекол на жената:
– Треба да го преповиеш Стојанче, изгледа се покака…