Не ретко се случува да нацртаме нешто додека зборуваме по телефон, кога сме заглавени некаде со часови, кога слушаме некое досадно предавање или чекаме да нè повикаат на ред…
Тие навидум несвесни чкртаници откриваат дел од нашиот карактер. На пример…
Лица
Какво лице ќе нацртате зависи од вашето моментално расположение. Симпатично и насмеано лица кажува дека настојувате да го гледате доброто во другите, додека чудни и непривлечни изрази покажуваат дека тешко им верувате на луѓето. Комични лица цртаат оние што сакаат да бидат во центарот на вниманието, додека профили укажуваат на интровертна личност.
Цветови
Нежни ливчиња во форма на круг наредени на кружен центар покажуваат дека вие сте мила личност што семејството го става на прво место. Ако ливчињата се со зашилен врв, криете топлина и меко срце зад грубата надворешност. Повеќе вакви цветови означуваат дека станува збор за мошне дружељубива личност. Но ако сте нацртале ливчиња што паѓаат, тогаш ве мачат грижи.
Пеперутки
Пеперутки што летаат, птици и пчелки посочуваат дека сте личност што не сака да биде оптоварена со тешки задачи и проблеми.
Сложени шари
Детални сложени чкртаници најчесто ги цртаат луѓе што не се откажуваат, било да е тоа нивната амбиција или саканиот човек. Најголемите интроверти се познати по ваквиот тип на чкртаници.
Скалила или скала
Цртежите со скалила или скали покажуваат дека станува збор за личност што е амбициозна и решена да ја оствари целта во животот, чекор по чекор. Тие укажуваат и на потреба по духовен мир, желба да се биде посреќен и порелаксиран.
Бротчиња и авиони
Било какво транспортно возило означува желба да се избега од одредена ситуација во која што се наоѓате.
Куќа
Цртежите со куќа најчесто покажуваат дека личноста има потреба од сигурност. Ако куќата е прилично несредена, на пример ако нема прозорци, личноста не е среќна со својот семеен живот.
Имиња, иницијали
Оние што сакаат да се во центарот на вниманието честопати го чкрткаат своето име или иницијалите. Ова особено е честа појава кај тинејџерите кои сакаат да избегаат во некој свој свет. Ако пишувате нечие друго име, таа личност е во вашите мисли, можеби на романтичен начин или пак имате некој проблем што треба да го решите.
Ѕвезди
Ѕвездите најчесто ги цртаат амбициозните луѓе. Многу малечки ѕвезди симболизираат оптимизам, додека една голема нагласена ѕвезда вели дека имате една јасна цел на којашто работите.
Правоаголници, коцки
Коцките означуваат дека личноста сака да има контрола врз ситуацијата – дека темелно размислува како да го реши проблемот што го има. Доколку правоаголникот прерасне во квадар, вие најверојатно сте ефективна личност, добар аналитичар кој умее да се справи со тешки ситуации без премногу да драматизира.
Повеќе инфо на Бизнис Инфо