Андреа Кристеа (29) беше во групата романски туристи во посета на Лондон кога за време на терористичкиот напад, скокна од мостот Вестминистер во реката Темза. Заедно со своето момче Андреј Бурназ планирале да го прослават неговиот роденден, а тој имал намера да ѝ предложи брак.
Во моментот кога се случи инцидентот, не е утврдено дали таа падна или скокна од мостот, во намера да избега од напаѓачот-џихадист кој со теренско возило се движеше по патеката за пешаци.
Телото на девојката било забележано од брод на локална туристичка агенција кој пловел по Темза. Во моментот интервенирала итна медицинска служба кое ја извлекло девојката од реката.
Девојката е хоспитализирана и извршена е хируршка интервенција како би се отстранило згрутчувањето на крвта во мозокот. Моментално е на рехабилитација, но сеуште е во критична состојба поради проблеми со белите дробови.