Има нешто привлечно во тоа да се избега на некој далечен остров како начин да се одморите, било сами, било со саканата личност. Но некои острови не се баш некој тропски рај на каков би се надевале. Постојат безброј морничави архипелази коишто подобро би било да ги заобиколите. Следува листа од дваесеттина вакви острови.

1. Ла Исла де Лас Муњекас

o01

Некој човек полудел и се скрил на овој остров, целиот покривајќи го со кукли со кои верувал дека ќе се заштити од демоните кои го прогонувале. Шпанското име на островот значи „Остров на куклите“, но сепак тоа не е никакваа причина таму да ги поведете вашите деца.

2. Островот Окуношима

o02

Островот е населен од голем број зајци чиишто предци биле донесени од страна на јапонската армија за хемиско тестирање. Замислете си само, остров полн со хемиски модифицирани зајци.

3. Островот на елените

o03

Ова изолирано место е озлогласено по тоа што е едно од местата кадешто тајната организација Череп и Коски од Јејл ги одржувале своите ритуали.

4. Големата сина дупка

o04

Ова не е остров, туку џиновска дупка која се наоѓа на брегот на Белизе, многу популарна кај нуркачите.

5. Исола ла Гајола

o05

Жителите на Неапол, Италија, веруваат дека блискиот остров е проколнат бидејќи секој сопственик умрел како последица на убиство или давење. Доколку сте во потрага по некој посед на далечен остров кадешто ќе го најдете својот мир, пречкртајте го овој на листата, освен ако под мир не подразбирате умирање.

6. Илха де Кејмада Гранде

o06

Овој остров се наоѓа на 160 километри оддалеченост од Сан Паоло, Бразил и е полн со смртоносни, отровни змии. Бразилската морнарица дури и забранува да се посетува овој остров.

 7. Сокота

o07

На овој фасцинантен остров близу Јемен живее дел од најуникатниот животински и растителен свет на планетата, и многу видови не можат да се сретнат на друго место освен таму.

8. Божиќниот остров

o08

Таму има многу ракови. Поточно кажано, таму има 120 милиони ракови. За време на сезоната на парење на островот тие се јавуваат во огромен број, пробивајќи се преку џунглата кон брегот во текот на цел еден месец.

9. Островот Таширојима

o09

Со цел да се справат со огромната популација на глувци, на островов во педесеттите години на деветнаесеттиот век  биле донесени огромен број мачки. Подоцна, откако многу од луѓето си заминале, бројот на мачките се зголемил. Всушност, на островот ги има толку многу што денес тој е познат и како Островот на мачките.

10. Форт Бојар

o10

Островот бил изграден од страна на француската војска, но со развојот на воената технологија концептот на изолирана тврдина набргу станал застарен и од тврдина бил претворен во затвор.

11. Островот Рамри

o11

Според Гинисовата книга на рекорди, на овој остров се случила најголемата катастрофа која луѓето ја претрпеле од животни. Во текот на Втората светска војна, вкупно 500 јапонски војници биле убиени и изедени од крокодилите кои го населуваат островот.

12. Палмира

o12

Иако гледано одозгора изгледа како тропски рај, Палмира е место кадешто во 1974 година се случило грозоморно убиство.

13. Островот Хауленд

o13

На овој остров требало да слета Амелија Ирхарт за време на нејзиниот лет околу светот.

14. Островот Повелја

o14

Сместен на брегот на Венеција, на овој остров некогаш се наоѓала ментална институција. Се раскажува дека тука се изведувале разни сурови експерименти со болните.

15.Островот Хашима

o15

Порано на овој остров се носеле кинеските и корејските затвореници на присилна работа во рудниците. Можете да си замислите што сѐ се случувало таму.

16. Пловечките острови на езерото Тикитака

o16

Со цел да избегнат било какви конфронтации со другите племиња, племето Урос ги направиле овие острови од плетена трска. Што убаво! Ако не можеш да си најдеш свој изолиран остров, едноставно направи си еден.

17. Велигденски острови

o17

Познати се по мистериозните џиновски камени статуи. Познати како „моаи“, овие статуи биле кренати од древниот народ Рапа Нуи. Иако постојат бројни теории, никој со сигурност не знае какок ги направиле и придвижиле огромните статуи до нивното место.

18. Алкатраз

o18

Познатиот остров-затвор во заливот на Сан Франциско е напуштен веќе половина век, но многумина веруваат дека на него се случуваат паранормални нешта и дека е населен со духови на затворениците.

19. Островот палма

o19

Овој остров е дело на човечка рака и е изграден од властите на Дубаи, како зголемување на луксузот и се наоѓа веднаш до брегот на Дубаи.

20. Големата депонија на Пацификот

o20

Ова не е баш остров но е со површина двапати поголема од САД. Овој пловечки „остров“ го сочинуваат бројни отпадоци фрлени во океанот и собрани заедно од морските струи.

21. Северен Сентинел

o21

Иако овој остров технички е под јурисдикција на Индија, сѐ уште е под контрола на домородците. А тие не се баш гостопримливи, и штом ќе видат туѓинец на видикот, веднаш го опсипуваат со дожд од стрели и копја.

22. Островот Сабел

o22

Овој остров населен само од коњи и потонати бродови се наоѓа на брегот на Нова Шкотска, и е наречен Атлантски гробишта.

23. Фиџи

o23

Кога истражувачите за првпат го откриле овој остров, дознале дека домородците ги јаделе нивните деца и старци. Денес тој е популарно туристичко одредиште. Времињата се менуваат…

24. Вулкански врв

o24

Обидете се да го разберете ова: ова е остров кој се наоѓа среде езеро среде остров среде езеро на еден остров.

25. Островите Изу

o25

Сукфурот во воздухот над овој вулкански остров е во толкава концентрација што жителите морат да носат гас маски. Ако воздухот е таков што морате да носите маски, тоа зар не е доволна причина да се сетите да си одите од таму?

 

Сподели на Facebook
пати видено