45-годишниот Крис Шо од Австралија бил дијагностициран со агресивна форма на рак на желудникот. Таткото на 4 деца успеал да се бори со страшната болест 14 месеци, но потоа му било соопштено дека повеќе ништо не може да се направи и дека неговиот живот може да згасне во секој момент.
Тогаш Крис изразил желба да не почине во болницата туку во последните мигови да биде опкружен со семејството и пријателите.
Така тој бил качен во амбулантно возило и на патот кон дома им раскажувал на возачот и медицинската сестра кои биле со него за неговата омилена плажа, која постојано ја посетувал со сопругата и децата. Крис ги замолил доколку сакаат да го однесат на плажата Бернс Бич во Перт за последен пат.
Секако несебичните луѓе воопшто не размислувале да дадат одговор и Крис веднаш бил однесен на неговата омилена плажа. За жал по само две недели Крис починал, а неговата скршена сопруга не сакала доброто дело на персоналот од болницата да остане нераскажано.
„Најситниот гест, најмалиот гест. Не е финансиски, не е монетарен, тоа не е нешто што може да се држи во рака. Тоа беше само едно брзо прашање и излегување на свеж воздух дваесет минути. Тие беа наши ангели за тој ден, тие навистина станаа наши ангели. И за тоа ќе бидеме вечно благодарни. Гледајќи го океанот, чувствувајќи го сонцето, ветрето, бесконечно… Ништо не би можело да го замени тоа, никогаш.“, вели сопругата на Крис, Кајли.