Новинарки од Би-Би-Си на тајна задача одлучиле да ја потврдат анкетата според која на дури 250.000 жени од Англија им било понудено да прават сексуални услуги во замена за кирија, во последните 5 години. Во нивното истражување тие вклучиле жени со слично искуство, но и самите се впуштиле во разговор со сомнителните станодавци.
„Собата, киријата, сите сметки, сѐ е платено. Јас дури и ќе ти давам џепарлак секоја недела за да се чувствуваш згрижено.“, вели еден од сопствениците, но тој и додава: „Придобивката е тоа што ќе спиеш со мене еднаш неделно.“ Откако бил засрамен, овој маж по име Мајк рекол дека „се преправал дека е сопственик“ и пишувал роман кој барал истражување за експлоатацијата на жени во Велика Британија.
Друг сопственик, по име Том, кој има околу 60 години и кажал на новинарката Рејчел Стоунхаус дека ќе добие бесплатна кирија, бензин, електрична енергија и WiFi ако се пресели во неговиот стан. Таа потоа го прашала дали треба да имаат секс и тој одговорил: „Јас сега се срамам. Прави што сакаш, и ако сакаш да водиш љубов, води љубов. Ти давам недела-две ако не си подготвена веднаш. Но, на крајот на денот, да [сексот е потребен].“ Том одбил да одговори кога му било кажано дека е снимен од страна на Би-Би-Си.
Истрагата открила дека постојат неколку онлајн страни каде што може да се надомести кирија со секс. На оваа страна маж нудел двокреветна соба во замена „за вашиот задник“. Една жена интервјуирана за шоуто изјавила дека ѝ била понудена бесплатна кирија доколку има секс со сопственикот и неговите пријатели.
Нудење на сместување во замена за секс е нелегално во Британија.