6-годишно девојче го помина попладнете на Божиќ во делење на супа и подароци, на луѓето кои спијат на улиците во Глазгов.
Перли Роуз Мекгован била инспирирана да им помогне на бездомниците, откако запознала човек кој спие на улицата додека се враќала од киното со нејзиниот татко и мајка.
Додека се враќале од кино, каде што се прикажувал филмот „Мери Попинс се враќа“, семејството се растажило кога забележале човек кој спиел пред врата и страдал од студеното време. Наредното утро откако Перли ги отворила своите подароци, таа го замолила нејзинот дедо да ѝ помогне да направат вреќи за бездомниците.
Нејзината баба, Рут, приготвила топла супа, а во торбите ставиле и сендвичи, чипс, слатки, чорапи, цигари и плик со 20 фунти во него.
Тетката на Перли, Тереза изјавила дека еден од луѓето кои ги примиле подароците почнал да плаче од среќа. Нејзината ќерка Михаела, која има 15 години исто така излегла со дедото Мартин и Перли за да ги поделат торбите со подароци.
„Мојот татко отсекогаш бил хуманитарец и мислам дека тоа почна да се пренесува на Перли и Михаела. Многу сум горда на сите нив.“, вели Тереза.
Семејството пешачело низ улиците на Глазгов и барале луѓе на кои овие подароци им биле најпотребни.