Кина продолжува да го воодушевува светот со своите огромни инфраструктурни проекти. Еден од нив е автопат преку пустината Такла-Макан со должина од 446 километри. Но, за Кинезите не беше доволно само да се изгради овој пат. Тие засадија и растенија околу автопатот во безживотната пустина. Растенијата се наводнува со систем на многу длабоки бунари и црева кои работат по принципот капка по капка. Корењата на растенијата ќе го спречат песокот од пустината да го прекрие автопатот, а со тек на времето пустината постепено ќе започне да заживува.

Големината на подвигот денес да се изгради таков автопат во пустина со растенија околу него, може да се спореди со градењето на Кинескиот Ѕид граден пред многу векови.

Освен овој автопат, од поновите светски чуда кинезите ги имаат и најголемата хидроелектрична централа во светот, најголемата железница за брзи возови и многу друго „нај“.

avtopat-kina-1

avtopat-kina-2

avtopat-kina-3

avtopat-kina-4

avtopat-kina-5

avtopat-kina-6

avtopat-kina-7

avtopat-kina-8

avtopat-kina-9

avtopat-kina-10

avtopat-kina-11

Сподели на Facebook
пати видено