Интересот за било кој автомобил обично се намалува како што старее. Освен ако не станува збор за БМВ Х3. Елеганција, удобност и моќ, ова се најсоодветните зборови да се опише овој автомобил. Токму поради неговите перформанси и она што го претставува, ланецот на обложувалници Моцарт го одбра како соодветна награда за победникот во натпреварот „Погоди најголема квота“.

Натпреварот траел од 01 ноември до 24 декември, а во пресметка за подарок учествувале сите тикети уплатени за 20 денари со минимум четири парови на тикетот. Системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“, а тикетите Live Bet не учествувале во натпреварот.

Николче Габрешанец од Радовиш го уплатил својот тикет на последниот ден од натпреварот и погодил квота од 34.638, затоа заслужено си освоил нов БМВ Х3, со кој ќе може да ужива во новите авантури во животот.

„Се уште не ми се верува! Го бркав џипот од самиот почеток. Операторите од Радовиш знаат дека бев еден од најредовните во тоа. Викендот не ми помина ниту еден од тикетите за џипот, така што остана само понеделникот во кој немаше многу натпревари. Одиграв 8 тикети. Најчесто играм конечен тип X, но бидејќи немаше доволно натпревари овој пат изиграв X-X на тикетите. Еден од осумте се покажа како добитен. Не ми се веруваше, пресреќен сум и се уште во шок“ – изјави Николче Габрешанец

Освен главната награда, Моцарт додели скутер Piaggio Medley 150 на второпласираниот Круме Стефановски од Скопје кој погоди неверојатна квота од 15.772 и најнов iPhone S Max за Владимир Стефановски од Скопје, кој се пласираше на трето место со квота 10.175.

Клучевите му беа доделени вчера на отворањето на ексклузивното уплатно место кое Моцарт го отвора на Рекорд спроти Триумфална порта. Со ова Спортските обложувалници Моцарт одбележаа 10 години успешна работа и континуиран раст во Македонија.

Среќата секогаш ги следи најхрабрите и упорните. Николче Габрешанец од Радовиш најдобро го знае ова и затоа дома си замина со нов БМВ Х3, благодарение на обложувалницата Моцарт. Радовишанецот го освои автомобилот со учество на натпреварот „Погоди најголема квота“ што беше актуелен на сите уплатни места на Моцарт изминативе 2 месеци.

Сподели на Facebook
пати видено