Познати ви се оние филмски сцени во кои херојот налетува на подземен тунел кој води до некој скриен град. Но, тоа што луѓето не го увидуваат е дека овие тајни премини не секогаш се плод на фантазијата. Навистина може да се најдете во некоја авантура во стилот на Индијана Џонс.

Еве неколку такви тајни подземни премини кои го чекаат својот херој да ги открие и истражи.

1. Заливот Гилмертон, Единбург, Шкотска

t01

Се вели дека овие тунели под градот биле изградени во раниот осумнаесетти век од некој решителен ковач по име Џорџ Патерсон.

t02

Се вели дека некои од тунелите на Патерсон се поврзани со тунели кои некогаш биле користени од витезите темплари – најобучените крстоносци.

t03

Но овие тунели не се единствената подземна тајна на Единбург. Истражувачите веруваат дека денешниот Единбург е изграден врз рушевините на стариот Единбург, кој бил опустен од чума. Кога работите тргнале многу на лошо, планерите на градот решиле да почнат одново, градејќи веднаш врз рушевините.

2. Убиствениот хотел на Х.Х. Холмс, Чикаго, Илиноис, САД

t05

Еден од најозлогласените сериски убијци од САД бил особено ефикасен во неговите техники на убивање. За работата да му оди мазно, тој сите убиства ги извршувал во хотел кој самиот си го дизајнирал, опремен со мрежа од гас комори и лизгалки за телата. Кога ќе се пријавиле гости во неговиот хотел, тој прво ќе ги отруел со гас, потоа нивните тела ќе ги пуштел низ лизгалките преку тунели во подземна просторија, во која лично ги сечел и потоа ги продавал нивните органи и коски.

t06

Кога се открило сето тоа, неговиот ужасен хотел бил урнат и на тоа место била изградена пошта. Вработенитте во поштата се плашат од мистериозните тунели под неа.

3. Подземниот град на Мао Це Тунг, Пекинг, Кина

t07

Мао Це Тунг почнал да го гради подземниот лавиринт од 30 километри под градот Пекинг како засолниште од нуклеарен напад.

t08

Иако тунелите одамна се напуштени, некогаш во нив имало продавници, ресторани, па дури и училишта. Биле дизајнирани за да примат 40 отсто од населението на градот, но денес главно е посетуван од туристи.

4. Предјамски замок, Постоина, Словенија

t09

Овој замок од тринаесеттиот век бил изграден веднаш во влезот на Постоинската јама, со што била обезбедена значителна предност при случај на напад.

t10

Кога во 15-от век Хабзбурзите дошле по баронот Еразмо Јамски, тој своето семејство и слуги ги скрил во тунелите долги пет километри. Премините ги употребувал скришно да внесува набавки за време на борбите кои се случувале пред замокот.

5. Лосовата вилица, Саскачеван, Канада

t11

Тунелите под овој град биле изградени со цел работниците да можат да одат на работа за време на суровите канадски зими.

t12

Но, некако мафијата подземните улички успеала да ги стави под своја контрола и ги употребувала во нив да криумчари и складира алкохол. Дури се вели дека и самиот Ал Капоне учествувал во ова, па оттука тунелот го добил името „Чикашка врска“.

6. Куќата на мистеријата на Винчестер, Сан Хозе, Калифорнија, САД

t13

Во 1862, една жена по име Сара Винчестер била погодена од страшна трагедија кога и нејзиното шестмесечно бебе и нејзиниот сопруг починале за многу кратко време. Таа се косултирала со видовит, кој ѝ кажал да се пресели на запад и да изгради куќа толку комплицирана, што и злите сили кои ја прогонувале би се збуниле во неа.

t14

И така била изградена мистериозната куќа на Винчестер. Во палатата има 13 крила, со по 13 прозорци и 13 лустери. Кон тунелите под палатата можело да се пристапи преку неколку скалила со по – погодувате – 13 скали.

7. Замокот Довер, Англија

t15

Замокот Довер постои уште од 1066 година, кога Вилијам Освојувачот ја направил да му биде дом, а за време на Наполеонските војни било решено таа да се доизгради и да се ископаат тунели, стратешки потег, со оглед дека тоа е најблиското пристаниште од Англија до Франција преку Ла Манш.

t16

Тунелите низ историјата биле употребувани за најразлични цели. Последна нивна употреба се случила за време на Студената војна, а пред тоа за време на Втората светска војна, при што биле преуредени во скривници.

8. Волшебните кралски тунели, Буена Виста, Флорида

t17

Иако технички не се работи за вистински замок, Волшебниот Замок во Светот на Дизни се карактеризира со сложена серија тунели под паркот.

t18

Но, таму нема никакви скришни зандани, туку едноставно се работи за серија патеки кои актерите ги употребувале за брзо да преминуваат во секоја од шесте земји кои го сочинуваат Волшебното Кралство.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено