На неделата на „Гитекс Технологија“ во Светскиот трговски центар во Дубаи, полициските сили во Дубаи објавија дека полицајците наскоро ќе патролираат низ небото со новите електрични „летечки мотори“.
Овие мотори можат да летаат на висина од 5 метри и достигнуваат брзина до 70 километри на час. Моторите биле конструирани од тимот одговорен за одговор при катастрофи и рускиот производител на беспилотни летала Hoversurf. Hoversurf Scorpion е името на новите полициски летечки мотори.
Наредникот Али Ахмад Мохамад изјавил дека моторот може да го однесе полицаецот на локацијата во итни случаи кога има голем сообраќаен метеж. „Моторот исто така може да лета без патник и може да патува до 6 километри. Леталото лета околу 25 минути и може да носи до 300 килограми тежина со брзина од 70 километри на час.“, вели Али. Александар Атаманов, извршен директор на Hoversurf, објавил на Фејсбук за да потврди дека компанијата и полицијата во Дубаи се согласиле масовно да го произведат Hoversurf Scorpion во областа на Дубаи. Тој, исто така, го објавил видеото на полицијата со леталото во акција.
Полицијата за време на „Гитекс Технологија“ исто така откри друга напредна технологија специјално дизајнирана за полициска употреба. На пример, им покажаа на публиката паметен електричен мотор опремен со повеќе камери за идентификација на несовесните возачи, како и за мали возила за самостојно возење кои патролираат во градот и ги скенираат лицата од интерес и криминалците, користејќи биометриски софтвер.
Оваа најнова полициска технологија ја унапреди репутацијата на Дубаи како „Град на иднината“ и еден од технолошки најнапредните градови во светот. Дубаи веќе е дом на водопади кои се користат за противпожарна заштита и вистински Робокоп, но технологијата ја опфаќа секоја област од животот. Летечкото такси е во процес на тестирање, а 3D печатената канцеларија на иднината веќе е отворена. Хиперлуп и првиот 3D печатен облакодер во светот, исто така, наскоро ќе се случат и во Дубаи, кој веќе има своја официјална криптовалута.