Сериските убијци се безмилосни луѓе кои би направиле сè што е во нивна можност за да можат да продолжат да ги извршуваат грозоморните дела. Овие неколку сериски убијци поради несоодветен правен систем, добра измама или пак едноставно среќа успеале да ја измамат правдата за да можат да ја задоволат својата „жед за крв“.

Артур Шаукрос

Артур е сериски убиец кој бил обвинет за 10 убиства во декември 1990 година. Убиствата на Артур се вршеле во два периода, почнувајќи од убиствата на две деца чии тела биле пронајдени искасапени. Во 1972 година, тој ги признал убиствата и доби 25-годишна затворска казна. Тој мораше да биде зад решетките додека не наполнил 57 години. Сепак, Артур отслужил само 15 години и бил ослободен во 1987 година.

Меѓутоа, наместо да се поправи, повторно почнува да убива. Во текот на следните две години, тој убил и распарчал 11 жени. Тој е фатен откако полицискиот хеликоптер го пронашол во близина на едно од телата на жртвите. Овој пат тој добил доживотна казна. Артур починал во затвор во 2008 година.

Хенри Ли Лукас

Хенри Лукас е сериски убиец кој, заедно со неговиот пријател Отис Тул, признал стотици убиства, силувања, па дури и канибализам. Во текот на 23-те години во кои Лукас ги извршил своите злосторства, тој бил фатен и ослободен неколку пати. Во 1960 година тој ја убил својата мајка, а потоа бил осуден на 20 до 40 години затвор, но тој отслужил само 10 години и бил ослободен во 1970 година.

Речиси веднаш по неговото ослободување, Лукас повторно бил уапсен, овој пат за насилство врз една млада девојка, во 1971 година. Иако фатен по втор пат, Лукас повторно бил ослободен во 1975 година. Во доцните 1970-ти и раните 1980-ти тој уби голем број луѓе, а во неговото сведочење призна дека убил повеќе од 350 луѓе, иако само 3, вклучувајќи го и убиството на неговата мајка, биле потврдени.

Џон Кристи

Кристи бил суров сериски убиец од Велика Британија кој ги извршувал своите злобни дела во 1940-тите и 1950-тите, при што убил најмалку 6 жени. Тој се преправал дека има медицински знаења за абортуси (тогаш незаконски), со што ги привлекувал неговите жртви. Потоа Кристи им давал анестезија (поради операцијата – како што тврдел тој), ги силувал а потоа ги убивал. Џон покажува дека е целосно бездушен и подготвен да ги предаде сите во име на неговите страшни желби, убивајќи ја неговата долгогодишна сопруга, Етил Кристи.

Во 1949 помалку од една година откако младото семејство Тимоти и Берил Еванс се доселиле во истата зграда во која живее и Џон, сопругата Берил и нејзината мала ќерка Џералдин исчезнуваат. Кристи ѝ ветил на Берил дека ќе и направи абортус, но на крајот двете биле пронајдени мртви. Со чуден настан на околности, тажниот Тимоти подоцна признал дека ја убил својата сопруга и детето во несреќа. Подоцна, тој велел дека не го сторил тоа, но полицијата повеќе не му верувала. Џон Кристи дури сведочел против Тимоти за убиствата. Тимоти Еванс е обесен за злосторство кое тој не ги извршил, на 9 март 1950 година.

Во наредните години била направена попродлабочена истрага и излегло дека, всушност, Кристи е убиецот на младата жена и девојчето. По нив убил уште 4 лица и бил обесен во 1953 година. Тимоти Еванс бил помилуван поради убиствата на Берил и Џералдин постхумно.

Ед Кемпер

Кемпер е сериски убиец, кој не се плашел да излезе пред полицајците и отворено да се распрашува за серискиот убиец кој беснеел по улиците. Неговите злосторства завршиле во 1973 година кога Ед ја убил неговата мајка, но ова е далеку од неговото прво убиство.

Пред да започне да ги заклучува жените во багажникот на својот автомобил, а потоа да ги обезглавува и да ги чува нивните тела во неговиот стан, Ед бил обвинет за убиство на неговите баба и дедо. Потоа бил испратен во психијатриска клиника, но подоцна бил ослободен и бил предаден на неговата мајка за да се грижи за него.

Џефри Дамер

Дури и Џефри Дамер некогаш бил фатен од страна на полицијата, а потоа повторно ослободен. Тој бил канибал чие име било веднаш поврзано со „сериски убиец“. Во периодот 1978-1991 Дамер убил 17 момчиња, чии тела подоцна ги фотографирал.

Тој веќе ги земал животите на неколку момчиња до ноќта на 27.05.1991 година, кога полицијата добила повик од голи млади момчиња од азиско потекло, кои бесцелно оделе по улиците. Дамер го напил момчето и планирал да го убие, но самиот се напил и заспал. На овој начин момчето успеало да избега. Полицијата пристигнала, но Дамер се разбудил и на некој неверојатен начин ја убедил полицијата дека момчето е негов љубовник кој е многу пијан. Полицајците поверувале во приказната на Дамер и си заминале. Подоцна момчето било убиено и искасапено.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено