Младо семејство гледа хорор филм. Доаѓаат најстрашните сцени, се појавуваат ужасни чудовишта… Жената се притиска кон мажот и прошепотува:
– Мајко!
Мажот:
– Ја позна, нели?

– – – – – –

Секоја жена во текот на животот ја мачат 2 прашања:
– Како да го најде човекот на својот живот?
– Што да прави потоа со тој гад?

– – – – – –

Професорот:
– Вашиот син има единица по географија. Ништо не знае.
– Голема работа. Со нашите плати нема да му треба многу.

– – – – – –

– Мамо, зошто мачката не пие ракија?
– Затоа што е животно!
– Значи само тато е човек кај нас…

– – – – – –

Сопругот и вели на жена си:
– Еве, прочитај ја оваа статија за рибите! Од неа може да научиш како се молчи!
– Но, пред тоа ти научи од нив како се пие само вода!

– – – – – –

Девојче со мајка си на плажа.
– Мамо, а зошто чичковците имаат нешто во купачите, а ти немаш?
– Ќерко, тие таму си кријат паричниците.
– Мамо, а зошто на некои им се поголеми, а на некои помали?
– Некои се побогати, а некои посиромашни…
– Мамо, мамо, а овој чичко како те гледа, станува се побогат и побогат!

– – – – – –

Дете го прашува својот татко:
– Тато, од каде доаѓаат сите овие милиони бактерии во тоалетот кои „Доместос“ ги убива?
– Од „Активијата“ на мајка ти, сине!

Сподели на Facebook
пати видено