Иднината на транспортот се менува од ден во ден, но сепак сите се прашуваме дали ќе се смени и густиот сообраќај кој во денешно време ретко кој може да го избегне. Нема потреба за грижа затоа што голем број стартап компании работат на технологии за да ги победат сообраќајните метежи, а наредните 5 идеи можат да предизвикаат револуција во сообраќајот.
Летечко такси: Убер и Волокоптер
Летечките автомобили повеќе не се само во областа на научната фантастика. Голем број компании работат на нивните верзии на летачки автомобили, а компанијата за превоз „Убер“ е само една од нив. Убер сака да вработи мрежа на летачки такси во Далас, Тексас и Дубаи до 2020 година.
Овој проект ќе ги користи возилата со вертикално полетување и слетување (ВТОЛ) за превоз на патници. Германската стартап компанија Волокоптер исто така работи со градските власти на Дубаи за сличен проект, со тест-рок закажан кон крајот на оваа година.
Kitty Hawk- Различно летало
Коосновачот на Гугл Лери Пејџ веќе извесно време се занимава со летачки автомобили. Па, уште во април, стартап компанија финансирана од Пејџ наречена Кити Хок го откри својот концепт за „целосен електричен авион“ дизајниран за патување на вода. Не бара дозвола за ракување, а компанијата вели дека луѓето можат да сфатат како да управуваат со него „во рок од неколку минути“. Комерцијална верзија на Kitty Hawk се очекува пред крајот на годината.
Подземно патување: Boring Company и Хиперлуп
Наместо да одиме преку пренатрупани патишта, Илон Маск сугерира да одиме под земјата. Неговата стартап компанија „Boring Company“ го прави токму тоа, со изградба на единствен транспортен систем кој работи во подземни цевки опремени со „електрични санки“ дизајнирани да превезуваат луѓе и возила. Компанијата Boring веќе ископа дел од својот тунел под Лос Анџелес и планира да продолжи со копањето.
Хиперлуп исто така крена многу врева во последнте неколку години. Овој супер брз транспорт е нешто слично на возот на иднината – способен за намалување на часовите на патување до само неколку минути. Плановите за Хиперлуп се во тек во неколку држави во САД, Канада и во Европа, Дубаи, Индија и Јужна Кореја.
Патувањето може да биде збавно, но никој не сака да заглави во метеж во кој може да се чека и по неколку часа. Како што глобализацијата сè повеќе влијае на светот, толку побрзо и полесно ќе им стане на луѓето да го поминуваат растојанието меѓу себе.