Многумина од нас морале да поминат низ ужасот да бидат оперирани. Самата помисла дека некој ќе го сече нашето тело со остар скалпел е доволна за да не полазат морници. Сепак постојат и пациенти кои се разбудиле од анестезијата за време на операција. Да – ова е ретко, но се уште се случува.
Керол Вејрер
Керол со години страда од болка во окото, поврзана со изгребана корнеа. Таа преживеала 17 операции, но без успех. Лекарите ѝ кажале дека ќе треба да се отстрани окото. Меѓутоа, таа ја прифатила веста со утеха, бидејќи нејзините проблеми конечно ќе завршат. Кога Керол се разбудила, таа е била среќна. Таа мислела дека нејзините болки се завршени и таа може да го продолжи својот живот. Тогаш одеднаш слушнала: „Сечете подлабоко, повлечете посилно.“ Таа сфатила дека операцијата е во тек. Керол не можела да се движи, да зборува ниту да плаче поради анестезијата, но била свесна за време на целата операција. Иако не чувствувала болка ова било прилично трауматично искуство за неа.
Дона Пенер
Дона требала да има абдоминална операција. Таа добила анестезија и заспала, а кога се разбудила медицинската сестра и го миела стомакот. Таа тогаш помислила дека операцијата завршила. Но, потоа го слушнала хирургот како бара скалпел. Дона ја чувствува болката за време на целата операција. Таа се обидува да го привлече вниманието на докторите, но не успева да направи дури и најмало движење. Таа успеала да ја премести ногата три пати, но лекарите помислиле дека тоа е само рефлекс. Дона почнала и да се гуши затоа што била приклучена на машина која дава само седум голтки воздух за минута. Во еден момент, Дона чувствува дека нејзините бели дробови почнале да горат.
Дијана Тод
Дијана Тод се подложила на хистеректомија која не се одвивала добро за неа. Во еден момент таа се разбудила и слушанала што зборуваат лекарите околу неа. Потоа таа го почувствувала и првиот пресек со скалпелот. А потоа – и останатите. Дијана чувствувала постојана болка за време на интервенцијата, но не можела да се движи и да даде сигнал. Анестезијата ја парализирала. По операцијата, Дијана Тод им раскажала што се случило на лекарите, но тие ѝ кажале дека не е можно да била будна. И дека сето тоа е во нејзината глава. Последиците за неа не се добри. Таа почнала да страда од клаустрофобија и не можела да спие без да ја запали светилката. Во еден момент, Дијана Тод дури размислувала за самоубиство.
Александра Бител
Александра Бител се подложила на рутинска операција за отстранување на слепото црево, но сè било далеку од рутина. Таа се буди за време на операцијата и почнува да паничи. Очите и биле затворени а во грлото имала цевка преку која дишела. Меѓутоа таа не успеала да земе ниту еден здив и помислила дека ќе умре. Тогаш лекарите и ставиле дополнителен морфиум и таа успеала повотрно да заспие.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.