Добар ден, јас сум Менде Пеземеков имам 25 години и сум студент на Техничкио. Секојдневно се соочуваме со еден куп лаги, некогаш се случва и 80% од работите шо ќе ги слушниш во дено да се лажни. Решив денес да ви ги кажам најчестите лаги шо ги слушаме секој ден. Ќе почнам директно од најголемата лага која секојдневно ја слушаме, а то е “Абе стани земи си не си в хотел !!!”. А ко ќе одиш в хотел само шо ќе влезиш иди еден јунак облечен ко пингвин и ти вели “Повелете, чуствувајте се како дома…” и сега шо прајме, кој лажи ?

Наредната лага е дека домашните ве сакат. Не, не е точно, вистината ќе ја видиме набрзо. Заспиваш и паѓаш од кревет, се слуша дека нешто паѓа и мајка ти одма реагира “Шо падна?” и ти му велиш “Јас заспав и паднав…” Одговорот е “Ајде станвај немаш гајле.” И сега да се соочиме со реалноста и на сите да ви стани јасно колку ве сакат. Иста ситуација, заспивате, само место вас паѓа далинското. Сличен звук нешто паѓа, прашањето исто,само вие одговарате “Ништо бе, сум задремал, ми падна далинското.” А од таму го добивате следното “Добро бе сѐ искршивте, пази малку да му се сневиди, не ќе го лепиме со селотејп, сите далинска се излепени од тебе, ако спиеш изгасниго телевизоро далинското остајго на маса…” и така едно добри 40 минути. Сега знајте колку ве сакат дома?

Наредната лага шо ја слушаме е некој ко ќе го загини новчанико или телефоно. Во првио случај ја слушаме лагата од типо “Абе не ми е за парите, за документите ми е!!!”, а во вторио случај се исто само “Абе не ми е за телефоно, за бројојте ми е!!!” да да сигурно тебе ти е за документите, а тебе за бројојте.

Наредната лага шо ја слушаме е во ситуација кога ќе влези некој арамија и ко ќе напрај некоја штета. А лагата оди вака “Абе да ми речеше, така ќе му ги даев, а вака сега се ми испревртил.” Неее, немаше ништо да му дајш, биди сигурен, а и јас сум сигурен дека ќе го одбиеше.

За крај само да ви кажам една финта како да фатите политичар во лага. Ако го видите дека мрда со устата, а притоа испушта некој гласој, готово то е то, да знајте дека тогаш лажи. Ајде поздрав и се најубо, а после ова мислам дека ви се разјаснија некој работи!!!

Автор: Виктор А.К.А. Башлак

Сподели на Facebook
пати видено