Честа генетска мутација на многу жени им овозможува да гледаат многу повеќе бои од другите луѓе. Уметницата Конкрета Антико, жена чијашто впечатлива способност да гледа дополнителни бои ѝ го донесе прекарот „жената со вид – виножито“ е еден од примерите за тетрахромат – личност чиишто очи имаат четири рецептори за бои наместо вообичаените три.
Истражувачите сега го истражуваат овој феномен и откриваат дека оваа генетска мутација можеби е многу почеста отколку што вообичаено се мислеше до сега, и повеќето жени ја имаат оваа способност, но не се доволно обучени да ја користат. Повеќето од нив веројатно не се ни свесни дека поседуваат натчовечки вид.
За да го истражат ова, истражувачите предводени од Кимберли Џејмсон ја споредиле способноста за гледање на боите на Антико со друг тетрахромат и со личност со нормален вид. Резултатот покажал дека Антико била многу почувствителна на боите од другите, вклучувајќи го и другиот тетрахромат – и ова веројатно се должи на нејзината стручна спрема како уметник.
Научниците заклучуваат дека со соодветна обука и другите тетрахромати би можеле да ја развијат оваа способност до својот полн потенцијал.