Веројатно и да ве кренат од сон, ќе знаете да наброите некои од светските врвни туристички одредишта. Замислете ги сите тие туристи со ужасни маици и патики како без врска позираат пред камерите сликајќи се насекаде и пречејќи на секого. Тоа не е баш вашата идеална претстава за одмор, особено ако одите на некоја далечна дестинација, зар не? Нашата планета е полна со навистина интересни места.

Бања на ѓаволот, Нов Зеланд

ms01

Ова езеро во вулканската зона Таупо својата уникатна боја ја должи на сулфурните наслаги под водата, што прави таа да мириса ужасно, ужасно лошо.

Долина на љубовата, Турција

ms02

Погодете зошто се вика така. Ајде де, погодувајте. Ако мислите дека тоа е поради овие природни карпести формации кои личат на џиновски пениси, па во право сте. Тие се образувале во текот на долги периоди на геолошка активност која го предизвикала нивниот чуден облик. Но, на жителите на блискиот град Гореме сигурно им се смачило од постојаните мајтапи на нивна сметка.

Стаклени пустини, Египет и Либија

ms03

Технички гледано, секоја пустина може да се смета како „предстаклена“ пустина, бидејќи стаклото се прави со топење на силикатите кои го сочинуваат песокот. Во Египет и Либија некогаш многу одамна нешто ја истопило песокта на температура повисока од 2000 степени Целзиусови создавајќи насекаде жолтозелени грутки стакло. Веројатно тоа било удар на метеор или комета што буквално ја стопил пустината и ја претворил во стакло. Со текот на илјадниците години, пустината пак се претворила во песок, освен некои региони како овој. Древните Египќани го употребувале ова стакло за накит.

Ова чудо, Австрија

ms04

Ова чудо е се нарекува Weltmaschine или „Светска машина“ и е изум на Франц Гзелман, кој немал никакви научни преднзења од полето на механиката. Се врти, тропка, има делови како ксилофон, железен петел и разни свирчиња. Најинтересно е тоа што никој не знае со која цел Гзелман го создал ова, трошејќи бројни години на изработката.

Езерото Абрахам, Канада

ms05

Ова вештачко езеро е нашироко познато помеѓу фотографите поради тоа што зиме меурите кои излегуваат од водата замрзнуваат во воздухот. Се разбира, меурите не се од воздух, туку од метан, кој се ослободува при исхраната на бактериите со мртвата органска материја на езерското дно. Тоа значи дека езерото испушта запалив гас.

Џамијата Шах Черах

ARAB-108

Оваа џамија и од надвор е прекрасна, но внатрешноста е неочекуван живописен шок од бои, благодарение на прозорците од обоено стакло. Била изградена во XIV век како дел од мавзолеј во чест на двајцата браќа Ахмед и Мухамед, жртви на прогонот на шиитите. Денес ова е место за поклонение (аџилак).

Лагуна Колорада, Боливија

ms07

Ова гримизно црвено езеро се чини како да е исполнето со крв. Всушност, бојата ја должи на црвените алги кои живеат во него.

Сподели на Facebook
пати видено