Веројатно сите правиме некои откачени работи додека спиеме. Најстрашниот дел во врска со тоа е фактот дека тоа го правиме додека спиеме! Не ни знаеме што правиме! Вашата подобра половина можеби знае, но тој/таа е премногу љубезен/на да да ви каже: „Еј, значи ти прдиш кога спиеш, а?“

Следуваат некои од најчудните нешта кои луѓето ги сториле на сон. Да се надеваме дека нашите сакани ќе бидат доволно силни да ни кажат дека додека спиеме, ние…

…покануваме луѓе на забава

asleep at work / school

Во 2008 една жена кога се разбудила, дознала дека додека спиела, нејзиното заспано тело излегло од кревет и пратила имејл на тројца луѓе, кој гласел: „Дојди утре на журка. Јадачка и пијачка, 4 попладне. Донеси само кавијар и вино.“

…правиме психоделични уметнички дела

ms02

Ли Хадвин дење е медицински техничар, но надреалистички илустратор ноќе. Тој прави бизарни цртежи додека спие. Уште почудно е тоа што ако се обиде да го стори истото во будна состојба, му недостасува инспирација и техника.

…се качуваме на џиновски кран

ms03

Во 2005г. петнаесетгодишна девојка од Лондон легнала да спие една ноќ за да се разбуди на врвот на еден кран од 13 ката. Таа имала долга историја на месечарење, но ова ѝ било прв пат да се искачи на толку високо место.

…да диригирате со оркестар

ms04

Хери Ф. Росентал, писател и ентузијаст за класична музика додека спиел диригирал со оркестри додека спиеле, па дури и ги пееле делниците кои инструменталистите во неговиот сон требале да ги научат.

…скокаме од прозорци.

mike birbiglia sleepwalking out of the window

Комедијантот Мајк Бирбиља, познат месечар, детално опишува едно од неговите искуства во неговиот филм „Месечари со мене“. Додека спиел во мотел, Бирбиља станал и скокнал од прозерец на вториот кат. Ова е често кај тешките случаи на месечарење, особено кога сонуваат дека се во опасност.

…имаме сексуален однос со некого.

ms06

Постои име за оваа состојба, се нарекува „секс за време на сон“, како што веројатно претпоставувате, при која сонувачот легнува во креветот на непознати луѓе и врши работа. Тоа звучи како совршен изговор за партнер кој го сака сексот, но не и за нивниот брачен другар.

…јадеме. Многу.

ms07

Една жена открила за нејзината состојба од нејзиниот доктор откако необјасниво качила 27 килограми за кратко време.

…лудуваме.

ms08

Во 2003 една жена од Денвер се напила апче за спиење и легнала в кревет. Неколку часа подоцна станала, испила половина шише вино и се качила во нејзиниот автомобил…додека сѐ уште спиела. Во еден момент направила сообраќајна несреќа, уринирала на земја и се борела со полицајците кои се обиделе да ја уапсат. Кога се разбудила во затворската ќелија, не се сеќавала на ништо од тоа…наводно.

…убиваме луѓе.

ms09

Кенет Паркс е веројано најпознатиот случај на синдромот на месечар убиец. Откако легнал да спие, успеал да извози 22 километри и да ја убие мајката на неговата сопруга. На крајот бил ослободен од сите обвиненија, а подоцна се кандидирал за член на училишниот одбор во неговиот роден град.

…снимаме аудио книга.

ms10

Во шеесеттите еден човек по име Дион МекГрегор бил особено плоден во креативна смисла додека спиел. Неговите пријатели решиле да ги снимат неговите  бладања во сон и да ги издадат како албум. Слушнете го во видеото подолу.

…се разведуваме.

ms11

Во 2006 г. еден муслимански брачен пар морал да се разведе откако сопругот трипати изговорил „талак“, што на арапски значи развод. Според исламската традиција, доколку три пати по ред го изговорите овој збор, следува развод.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено