Жител на едно индиско село, во близина на градот Ананд, многу се изненади кога слушнал некои чудни звуци во неговата куќа среде ноќ. 30-годишниот земјоделец по име Бабубај Пармар мирно си спиел кога почувствувал дека креветот почнува да се движи.

Човекот се преплашил кога видела дека под креветот има огромен крокодил. Пармар успеал да скокне од каучот и да избега надвор од куќата, за да побара помош од соседите. Како што се испостави, тоа беше 2.4 метри долга, бремена женка крокодил. Крокодилот дошол од резервоарот за вода кој се наоѓал во непосредна близина на селото и се засолнил во куќата.

Околу еден час по откривањето на крокодилот, шумарската служба пристигнала на местото на инцидентот и го ставиле крокодилот во соодветен кафез. Крокодилот го транспортирале на безбедно растојание и го пуштиле во дивината.

Сподели на Facebook
пати видено