Познатиот Дејвид Бекам добил забрана за возење во наредните 6 месеции и треба да плати казна од 870 евра и 120 евра судски трошоци.
Носејќи сив костум кога се појавил пред судот поранешниот капитен на Англија доби шест поени на својата возачка дозвола и забрана за возење.
Тој добил забрана од патиштата од страна на Окружниот судија Кетрин Мур, и 6 поени на неговата возачка дозвола, која веќе има 6 поени на неа поради претходни два прекршоци поради пребрзо возење. Поранешниот фудбалер не искажал рекација на донесената одлука.
Всушност Бекам ја добил казната затоа што бил фатен како во неговиот скут имало мобилен телефон, додека го возел своето Бентли од над 100.000 евра.
Судијката Кетрин откако му наредила на Бекам да стане му кажала: „Земав во предвид дека се работело за спор сообраќај, но тоа не е изговор. Сѐ уште сте претставувале опасност за другите. Јас ве дисквалификувам шест месеци и тоа почнува веднаш. Тоа значи дека не смеете да возите мотор или автомобил во наредните 6 месеци.“
Откако излегол од судницата Бекам се качил на задното седиште во неговиот црн Range Rover, кох го возел приватен шофер.
Во Англија очигледно законите важат без разлика колку си познат и богат…