Една загрижена ќерка од Орегон решила да провери каде е нејзината мајка откако 3 дена не можела да ја добие по телефон.
Откако добро го истражила дворот, во селото на нејзината мајка конечно ја пронашла жива, но во многу непријатна ситуација.
Кутрата жена три дена била заглавена во септичка јама, во која паднала додека се обидувала да ја исчисти. Таа останала заглавена во резервоарот три дена сѐ додека нејзината ќерка не дошла и повикала помош за да ја извлечат. И поради токсичноста жената која не сакала да биде идентификувана е во солидна здравствена состојба.
Противпожарната служба морала да ангажира тактички тим кој им помогнал да ја извлечат жената од јамата. Пожарникарот Андерсон вели: „Беше доволно алармирана дека може да се фати за „Д-рачката“ на една од нашите алатки и малку се поткрене. И тогаш, тие можеа да стават ремен околу неа и со тоа успеаја да ја кренат од таму.“
Иако не била сериозно повредена ја испратиле со хеликоптер во локална болница за да биде проверена од лекарите, бидејќи може да се појават потенцијални инфекции од фекалиите, како и проблеми од ограничениот кислород во резервоарот.