Никој не сака да му се подбиваат и да биде злоставуван, а училишните злоставувања можат да бидат особено брутални. Токму со такво нешто морал да се справува младиот Метју од основното училиште Винлок Милер во Винлок, Вашингтон, секој ден, и повеќе не можел да го поднесува тоа. Постојаното задевање со кое морал да се соочува секојдневно направило тој да реши повеќе да не оди на училиште.
За негова среќа, Метју има прекрасна учителка која знаела како да му помогне. Не само што го запрела задевањето и подбивањето, туку отишла и чекор подалеку за да направи Метју да се чувствува добредојден на училиште.
Ова е Метју. Откако ја избричил главата, неговите ученици почнале да му се потсмеваат поради малата лузна на главата, место на коешто не му расте коса.
Тори Нелсон, неговата учителка, сакала да направи задевањето веднаш да престане. Срамежливиот Метју одбивал да дојде во училницата и да ја извади неговата шапка, па така г-ца Нелсон му дозволила да ја избричи нејзината глава во замена за тоа тој да присуствува на предавањата.
Метју ја прифатил понудата на неговата учителка. Сега никој не може да му се потсмева, бидејќи учителката има иста фризура како и тој.